Мајк Тајсон: Бев реинкарнација на Александар Велики!

 

В

о својата контроверзна автобиографија, „Undisputed Truth“, легендарниот Мајк Тајсон вели дека е реинкарнација на Александар Велики! 

Тајсон во автобиографијата која беше објавена вчера, раскажува дека се обидел да избегне затвор поради силувањето на младата натпреварувачка на изборот на убавици Дезире Вашингтон, за што посетил Ромка која на него фрлила магија. 

- Знаев дека се работи за измама и дека тој лик ништо не може, се потсети Тајсон и на средбата со еден вуду свештеник. Речиси поверував дека тоа би можело да успее. За себе бев непобедлив. Ништо не ме попречуваше. Јас бев најмладиот првак во тешка категорија во историјата на боксот. Бев реинкарнација на Александар Велики, се потсетува Тајсон на својата препотентност.

Тој си ја отвара душата и раскажува дека неговата мајка била тежок алкохоличар, а неговиот татко бил макро. Тој вели дека немало многу светли моменти во неговото детство, но се сеќава дека филмот од 1977 година за големиот боксер Мухамед Али „The Greatest“ му го променил животот.

- Не го симнував појасот цела ноќ. Понекогаш знаев да се соблечам гол и да го оставам само појасот околу половината и така да водам љубов со девојката, се потсетува тој.

Исто така тој раскажува и за случката со Бред Пит.

Во 1999 година завршил повторно во затвор поради напад, а кога излегол бил уверен дека при сексот со проституки на Кубиа „заработил“ сида. Тој бил зависник од секс и алкохол.

13.11.2013 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега