Хемиска кастрација и повисоки затворски казни за педофилите

На ппоследната владина седница се усвоија измените во Кривичниот закон со кој се предвидува заострување на казните за педофилите. Со новите измени, следуваат повисоки затворски казни, како и  хемиска кастрација за педофилите.

За ова информираше министерот за труд и социјала, Диме Спасов, кој потенцира дека доколку осудениот се согласи на мерката медицински-фармаколошки тертман, затворската казна ќе се намали, но доколку го повтори делото, тогаш кастрацијата е неизбежна. Со измените, кај основниот облик на педофилија, затворската казна која досега беше 8 се зголемува на 14 години, додека за обљуба или друго полово дејствие врз дете кое не наполнило 14 години, настапила тешка телесна повреда, смрт или друга тешка последица или делото е извршено на суров и понижувачки начин, казната затвор беше најмалку 10 години , а сега се предвидува казна од 15 години затвор.

Ако за делото е пропишана казна доживотен затвор, судот може да изрече казна од 40 години, доколку сторителот се согласи да биде кастриран, но ако се согласи на хемиска кастрација, казната се намалува на 20 години.

 

 

13.11.2013 - 14:12
Фото: 
Нетпрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа