ЕУ притиска врз Украина за ослободување на Тимошенко

Ослободувањето на Јулијана Тимошенко  која во 2011 година беше осудена на седум години затвор, за „злоупотреба на службената должност“ е главниот услов за потпишување на „историскиот договор“ меѓу ЕУ и Украина, што треба да се изврши на 28 ноември.

Украинскиот Парламент меѓутоа и понатаму не може да обезбеди мнозинство за да се изгласа посебениот закон за ослободување на Тимошенко.

Тоа би значело дека европските преговарачи, поранешниот полски претседател Александар Квашњевски и ирскиот политичар Пат Кокс да се вратат во Брисел, без реализирање на „спасоносната формула“ околу извлекувањето на Тимошенко, од што зависи одржување на планираниот самит ЕУ-Украина, во литванскиот главен град Вилнус, за 15 денови, за време на следниот самит на Унијата.

Договорот за соработка меѓу Киев и Брисел и нуди на оваа поранешна советска република слободна трговија со ЕУ, но тој се оценува како „историска можност“ за извлекување на Украина од вековното руско туторство и за прв пат свртување кон Западот.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович останува определен на својата политика за интеграција со ЕУ и покрај силниот притисок на соседна Русија, која се заканува со испораките на природен гас и со воведување трговски контра мерки.

Јанукович одбива да ја помилува Тимошенко, плашејќи се дека со тоа ќе ги намали своите шанси да биде повторен избран на функцијата во 2015 година, но се согласи поранешната премиерка, за која Брисел смета дека пред две години е осудена од „политички причини“, да замине од Украина, на лекување во странство

13.11.2013 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега