Малолетници од Велес фатени среде кражба

Пред неколку денови двајца малолетници од Велес биле фатени додека извршувале тешка кражба. Се работи за 17-годишниот  Г.П. и 15-годишниот Н.П. кои полициски службеник ги затекнал додека се обидувале да го ограбат маркетот „Жито“ во Велес.

Малолетниците заедно со 36-годишниот Л.Х.  од Велес сториле осум кривични дела. Инаку, тие и од претходно и биле познати на полицијата како вршители на кривични дела. 

13.11.2013 - 13:03
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега