Парична казна за струмичката компанија поради отровните краставички

Државниот земјоделски инспекторат ќе побара од судот да ја казни струмичката компанија која направила извоз на краставичките кај кои хрватските инспекциски служби пронајдоа зголемено присуство на пестицидот хлорпирифос. Компанијата за делото кое го направила ќе треба да плати парична глоба од 1.200 евра, а одговорното лице ќе треба да плати казната од 2.000 до 6.000 евра, пренесе Плусинфо.

Исто така, дополнително ќе биде побарано и забрана за вршење дејност.

За потсетување, во краставиците беше откриено присуство од 0,14 до 0,26 мг/кг од пестицидот, што е повеќе од европски пропишаните регулативи , па затоа тие беа вратени назад во Македонија.

13.11.2013 - 12:10
Фото: 
фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега