Заврши првата фаза од проектот за престој на специјалисти лекари од САД
Министерството за здравство ја заокружи првата фаза од проектот за престој на специјалисти лекари од Соединетите Американски Држави во нашите јавни здравствени установи.
-Најмалку 300 специјалисти на терцијално и секундарно ниво имаат директен бенефит од размената на знаења и искуства кој што го овозможи овој проект. Оваа бројка дирекно ќе влијае на нашата заложба за подигнување на квалитетот на здравствените услуги, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
Специјалистите од Америка престојуваа во повеќе здравствени установи главно во универзитетски клиники на терцијално ниво, но и во Градската општа болница „8 Септември“, Клинчката Болница во Штип и Општата Болница во Кочани, тие воведоа десетина нови процедури, методи или системи на работа што претходно не посоеле во начето здравсво.
Првиот дел од проектот е оценет како успешен и се очекува реализирање на втората фаза во почетокот на септември.
ФОТО:Канал 5