Полицијата ги прегледа сметките на семејството на малата Тијана - еве што откри

Инспекторите на белградската полиција ги погледнаа сметките на таткото на малата Тијана за која цел Балкан се крена на нозе. Според информациите од српските медиуми, на сметката на таткото и мајката на малата Тијана која за жал и покрај успешната операција го загуби животот, има повеќе од милион и 600.000 евра. Во полицијата тврдат дека никој не подигнал пари од двете сметки за болното детенце.

Претходно, српскиот Блиц објави дека за лечењето на Тијана која почина на 15 јули биле префрлени 2.580.000 евра. Дел од нив се уплатени во болницата во Хјустон, а мал дел е искористен и за поглебот на детенцето. 

Од полицијата велат дека таткото ќе биде повикан на разговор, но засега нема докази за криминал. 

Инаку, таткото на Тијана изјави дека ако тој каже се што знае ќе падне цела Влада.

 

13.11.2013 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа