Најголемиот скржавец на светот: Си ги продава тестисите за да заработи 35.000 долари (ВИДЕО)

Марк Париси од Лас Вегас  вели дека е толку скржав што дури е расположен да отстрани еден од своите тестиси за да заработи 35.000 долари, пренесува „Хафингтон пост“.

- Се што треба да направите е да донирате еден свој тестис, ќе ви го заменат со вештачки и за 14 дена ќе добиете чек од 35.000 долари - изјавил Париси за американската телевизија „ТЛЦ“.

Тој инаку работи во маркетинг службата на едно кафуле и пекара. Париси вели дека со учествувањето во клиничките испитувања избегнува да ја троши својата плата. А кога некој ќе одлучи да биде човечко заморче, тука се и другите предности - беспалтни медицински прегледи на што заштедува 700 долари.

Сепак отстранувањето на тестисите не е најлудата работа која париси сакал да ја направи. Таа чест му припаѓа на истражувањето „вистинска линија“ во која испитаниците на доброволна основа привремено го запираат срцето.

13.11.2013 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега