Словачка банка ќе ја тужи Грција

 

Словачката „Поштенска банка“ ќе ја тужи Грција поради минатогодишната измама со грчките државни обврзници, објави електорнското издание на грчкиот весник „Етнос“.

„Поштенската банка“ и нејзиниот акционер „Истрокапитал СЕ“ ќе ја тужат Грција бидејќи со отпишувањето на својот долг земјата ги прекршила договорите, поради што е забележан пад на инвестициите на банката.

- Со отпишувањето на државниот долг Грција ги прекршила билатералните договори за инвестиции со Словачка, како и со Кипар, се наведува во соопштението на словачката „Поштенска банка“.

најчитано сега