Чичек: Македонија има право да го користи своето уставно име!

Претседателот на турското Големо национално Собрание Џемил Чичек на вчерашната средба во Анкара со претседателот на Пратеничката група на македонското Собрание за соработка со Парламентот на Турција Кенан Хасипи, уште еднаш ја потврдил поддршката која Турција и ја дава на Македонија.

Чичек за време на средбата нагласил дека Турција силно ги поддржува напорите на Македонија за членство во НАТО и во Европската унија, како и нејзиното право да го користи своето уставно име на меѓународна сцена. Тој нагласил и дека Турција се залага за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија и оцени дека стабилноста и прогресот на Македонија е гаранција за мир и напредок на целиот Балкан.

- Македонија е клучна земја за благосостојба и стабилност на целиот Балкан. Затоа им даваме големо значење на односите со Македонија. Сакаме да развиеме уште подлабоки и посилни односи со таа земја, изјавич претседателот на турскиот Парламент.

За потсетување, делегација предводена од пратеникот Кенан Хасипи, во чиј состав се и пратениците Амди Бајрам, Бехиџудин Шехаби, Газменд Алији и Ердоган Сарач, од вчера е во возвратна посета на Турција. 

13.11.2013 - 09:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега