Полицаецот кој несовесен возач го прегази и избега се здобил со скршеница на ногата

Вистинска драма се одвивала синоќа во скопско Драчево, кога полицаецот завршил со тешки повреди, откако бил прегазен од возач на автомобил марка Лада Нива.

Според податоците до кои дојде Курир, полицаецот бил дел од полициска патрола која се обидела да го застане автомобилот, но наместо тоа, возачот го прегазил полицаецот и како ништо да не се случило побегнал од местото на настанот.

Според најновите податоци од полицијата, полицаец се здобил со скршеница на ногата.

Полицијата се обидува да го расветли случајот.

13.11.2013 - 09:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега