Граничната полиција добива опрема вредна 479.000 американски долари

Македонската гранична полиција добива донација од Америка. За таа цел, денеска амбасадорот на Соединетите Американски Држави Пол Волерс ќе оствари средба со министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, генералниот директор на Царинската управа, Ванчо Каргов и други високи функционери.

Се работи за опрема вредна 479.000 американски долари која се состои од уреди за ноќно гледање, опрема за термичка обработка на слики, инструменти за инспекција, камери за надзор, ГПС уреди за навигација, детектори за радиоактивност, и две патролни возила.

Оваа донација ќе ја подобри способноста на Граничната полиција и на Царинската управа на Македонија да вршат професионална контрола на границата и да го подобрат функционирањето на граничните премини. Ќе ги зголеми и можностите на овие две гранични агенции за патролирање и надзор на границата, мобилни операции, операции за спречување криминал, борба против прекуграничниот криминал и тероризмот, детекција на радиоактивност, идентификување оружје за масовно уништување, како и водење основни и второстепени инспекции на граничните премини. 

13.11.2013 - 09:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега