Невреме во Италија - загинаа две лица

 

Загинаа две лица во силното невреме, кое го зафати централниот дел на Италија, соопштија италијанските власти.

Еден маж загина во својот автомобил, кој бил поплавен од надојдената вода. Несреќата се случила во регионот Марке. Другото лице загина во околниот град Пезару, откако ветерот го соборил кровот на неговиот дом.

Поради силниот ветер одложени се летовите од меѓународниот аеродром во Рим.

Одложено е и сообраќањето на фериботите во Сардинија.

Во Болоња во прекин е железничкиот сообраќај поради прекинот на струја, предизивкан од силниот ветер.

Прекин на електричната енергија е забележан и во други делови на земјата, а во Трст ветерот достигна брзина од 125 километри на час. 

13.11.2013 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа