Бројот на загинатите на Филипините достигна 1.833 -лица

Тајфунот  Хаијан што минатата недела ги погоди Филипините, бројот на жртви  достигна 1.833 лица, објави денеска филипинската агенција за справување со катастрофи, истакнувајќи дека нема информации од голем број населени места.пренесува ДПА

Филипинскиот претседател Бенињо Акино изрази претпоставка дека крајниот број на жртви од природната катастрофа ќе изнесува меѓу 2.000 и 2.500 лица. Тој ги оцени како претерани тврдењата на некои локални власти дека бројот на загинати е 10 илјади.

Околу 1.500 од официјално потврдените жртви се од провинцијата Лејте и Самар, кои Хаијан ги поплави со бранови со големина на цунами, целосно уништувајќи големи и мали градови и оставајќи без дом 600 илјади лица.

Според податоците на агенцијата за справување со катастрофи бројот на повредени Филипинци од Тајфунот изнесува најмалку 2.623 лица.

13.11.2013 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа