Започна невремето во Скопје: Дождот, ветерот и грмежите се приближуваат во главниот град
Како што веќе најави УХМР денеска попладне Скопје и повеќе делови од земјава ќе бидат зафатени од невреме проследено со дожд, грмежи, силен ветер, а на некои делови и со град.
Во предупредувањето од управата се вели дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно и посвежо време, наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во среда времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен долж Повардарието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа