Хрватски медиуми: Се воведува задолжителна вакцинација- ќе важи за три сектори

 

Хрватската влада дефинитивно воведува задолжителна имунизација за секторите здравство, образование и социјални работници.

Повикувајќи се на неофицијални информации, загрепскиот портал Индекс пишува дека владата одлучила да оди во насока на некои земји од Европската унија кои веќе започнале со слични потези.

Притисок има исто така и врз јавниот сектор кога станува збор за вакцинирање, откако стана јасно дека премиерот Андреј Пленковиќ цврсто одлучил дека поддршката за компаниите ќе ја условува со имунизација, т.е. ковид сертификати.

Утрово владата неофицијално за Индекс потврди дека задолжителната вакцинација во споменатите три сектори, во која се опфатени околу 180.000 лица, вклучувајќи лекари, медицински сестри, наставници, социјални работници, ќе започне во средината на август или почетокот на септември.

Истите извори наведуваат дека воведувањето на обврската за вакцинирање или потврди ќе оди брзо, најрано во средината на август, а најдоцна во почетокот на септември.

Останува Владата да дефинира со адвокатите точно какви санкции би биле изречени за оние кои нема да имаат ковид потврди или за оние кои одбиваат да се вакцинираат, доколку вакцинацијата за трите сектори стане задолжителна.

 

 

16.07.2021 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега