На 21 ноември ќе се знае кој ќе биде новиот претседател на ДИК

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ја разгледа кандидатурата на Никола Рилкоски, единствениот кандидат кој се пријавил на огласот за претседател на Државната изборна комисија што го распиша Собранието. 

Собраниската Комисија констатираше дека засега Никола Рилкоски е единствениот кандидат што се пријавил на огласот за претседател на Државната изборна комисија. Следната седница на Комисијата, на која треба формално да биде потврдено дека тој е кандидат на опозициската СДСМ, ќе биде закажана во вторник, додека во четврток на 21 ноември се очекува пратениците да гласаат за нов прв човек на највисокото изборно тело во земјата.  

Инаку, Никола Рилкоски e дипломиран правник, пратеник на СДСМ од 2006 до 2008 година и претседател на партискиот огранок во Охрид.

 

 

12.11.2013 - 15:08
Фото: 
Новатв.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега