Селена: Џастин ми го крши срцето со неговото однесување!

На Селена Гомез и недостасува нејзиното поранешно момче Џастин Бибер, но вели дека неговиот карактер е многу променет.

„На Селена и недостасува Џастин, иако тој веќе не е лицето во кое се вљубила, што многу ја растажува. Посебно фактот што го презема сопственото его“, вели извор за „Холивуд Лајф“.

Сепак таа не сака повеќе да има контакти со него бидејќи привлекувал многу негативно внимание на себе.

 Таа посебно била погодена кога го видела во друштво на секси Бразилка. Весникот пушува дека однесувањето на Џастин во последно време и го крши срцето на Селена, затоа што таа знае дека е подобар од тоа и дека само глуми.

12.11.2013 - 15:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега