Филипче: Не можеме веќе да живееме затворени, епидемијата може да трае и повеќе години
Според министерот за здравство, Венко Филипче, сега откако државата обезбедила доволно вакцини против ковид-19 за да бидат достапни за секој што сака да се заштити, повеќе не би требало да има затварања за сите, полициски часови и слично, туку граѓанките и граѓаните да си преземет одговорност за сопственото и за здравјето на најблиските.
Остануваат само основните мерки за спречување на ширењето на заразата – маски во затворено, или каде што има многу луѓе на мал простор, социјална дистанца и често миење раце.
„Епидемија може да трае и повеќе години, имаше некои предвидувања дека може да трае и до 2024, дека ќе премине можеби и во ендемска форма, ама тоа не значи дека ние треба да живееме затворени“, изјави министерот Филипче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа