Случај „Топлик“: Судскиот совет побара од Џолев да го разреши поротникот Сандев

На денешното рочиште за случајот „Топлик“, иако беше предвидено вештакот Борис Тунџев да го презентира своето вештачење на барање на одбранат, беше кажано дека судот ќе донесе одлука дали ќе биде прифатен, пренсува Република.

На претходното рочиште судијата Осман Шабани не го прифати мислњето на Антикорупциската комисија која смета дека има судир на интереси Тунџев да биде вештак бидејќи истовремено е и директор на Агенцијата за катастар.

Исто така, денеска Судскиот совет му одговори на барањето  на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев во кое тој бараше мислење од Советот за тоа дали му е истечен мандатот на поротникот Митко Сандев поради тоа што наполнил 60 години.

Советот во одговорот вели дека не е надлежен да дава мислење за законските одредби од Законот за судови.

Воедно Советот го потсетува Џолев дека тие избираат и разрешуваат судии и поротници на предлог на надлежниот суд. Во случајов Џолев треба да изготви решение за разрешување на поротникот Сандев. Со тоа случајот „Топлик“ мора да се врати од почеток.

07.07.2021 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега