Принцот Хари заминува на Јужен Пол

Принцот Хари заедно со тим британски војници ранети во Ирак заминува во недела на хуманитрана експедиција на Јужен Пол. 

Освен британскиот тим, во трката ќе учествуваат и американки војници, кои исто така, војувале и биле ранети во Ирак. На чело на таа екипа ќе биде актерот Александар Скарсгард, додека австралиската и канадската екипа ќе ја предводи Доминик Вест.

Тие на Јужниот Пол ќе се соочат со екстремни услови, температура од минус 57 степени и ветрови со брзина од 80 км/ч.

Тимовите за заминување на Јужниот пол се подготвуваа и во Норвешка и на Исланд, но ништо не може во потполност да ги подготви на условите кои ги очекуваат таму, наведува агенцијата Associated Press.

12.11.2013 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега