Прогласена национална катастрофа на Филипините

Претседателот  Бењино Акино Трети прогласи состојба на национална катастрофа на Филипините. Супер тајфунот „Хаијен“ направи хаос и усмрти околу 10.000 луѓе.

Поради грабежи, во некои делови на државата погласена е вонредна состојба. Хуманитарната помош почнува да пристигнива.

Според набљудувачите ситуацијата во некои области на Филипините велат дека ситуацијата е страотна поради уништените куќи, деловни објекти и блокирани улици кои личат на сцени после апокалипсата.

Во градот Таклобан, каде не може да се види ниту една цела здрага, низ улиците се шири смрад тела во распаѓање. Во голема мерка разрушен е градот Гујуан со 40.000 жители, додека 80 проценти од градот Бако со 35.000 жители е под вода.

Речиси 630.000 луѓе се раселени зашто силните ветришта и поплавите ги уништија нивните домови, а штетите на патната инфраструктура и на аеродромите ја блокирашѓе доставата на храна.

Филипините годишно се погодени од 20 бури, а а многу од нив предизвикуваат жртви и големи штети, а Хаијен е 24-тата бура која ја погоди годинава оваа островска земја во Тихиот окен.

ОН веќе испратија 25 милиони долари од фондот за вонредни состојби. Американски претставници соопштија дека на носачот на авиони на нуклеарен погон „Џорџ Вашингтон“ кој бил во посета на Хонг Конг му било наредено да се вклучи во напорите за помош на Филипините. 

Носачот со 5 илјади морнари и 80 авиони е во придружба на уште пет американски бродови.
Во меѓувреме, американската Агенција за меѓународен развој соопшти дека ќе обезбеди 20 милиони долари помош во храна, засолништа и медицинска опрема.

12.11.2013 - 13:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега