Златко Марин оди во историјата - СДСМ има нов кандидат за Аеродром
Александар Филиповски е новиот кандидат за градоначалник на општина Аеродром. Оваа информација самиот тој ја објави на Фејсбук.
-Ја прифатив номинацијата од страна на многу членови од сите месни организации во ОО Аеродром. Време е за нова енергија – заедно да работиме за #НајдобротоЗаАеродром. Ја барам поддршката од Социјалдемократскиот сојуз за мојата кандидатура за градоначалник на Општина Аеродром, напиша Филиповски на Фејсбук.
Вели дека знае што му е потребно на Аеродром за да биде подобра општина.
-Подготвивме навистина квалитетна програма за следните четири годинии. Целото мое знаење и искуство ќе го вложам во градење на локална самоуправа која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Во Аеродром пораснав, го познавам секој дел од општината и знам што е потребно за да биде подобро. Токму затоа ќе ми биде чест и задоволство да го дадам својот придонес. Заедно да создадеме место каде што ќе растат и ќе се развиваат уште многу идни генерации, вели Филиповски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа