Со закана со пиштол го собрал дневниот промет од продавница во Прилеп

Околу 11 часот на улицата „Кеј 4-ти Јули“ во Прилеп, во текот на вчерашниот ден во колонијална продавница, крадец со закана со пиштол извршил разбојништво над 20-годишната Х.М. од Прилеп која во моментот била на смена и успеал да и одземе 4.500 денари и неколку ваучери од мобилен телефон.

Крадецот причинил штета од 5.500 денари, па избегал од местото на настанот.

Полицијата работи на случајот.

12.11.2013 - 12:29
Фото: 
Комуникација

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега