Јанша предизвика скандал на првиот ден од претседателството со ЕУ

 

Словенечкиот премиер Јанез Јанша предизвикал скандал на првиот ден од претседателството на Словенија со Европскиот совет, критикувајќи ги социјалдемократите на работниот состанок со Европската комија во Брдо кај Крањ.

За време на состанокот, како што пишуваат германските медиуми, Јанша покажал ненајавена и надвор од контекст фотографија на неколку судии и политичари кои биле обележани со буквите „С“ и „Д“, односно социјалист и демократи, како што ги нарекуваат социјалдемократите во Европскиот парламент.

На фотографијата била и европратеничката и словенечка социјалдемократка, Тања Фајон.

Австрискиот весник „Ди пресе“, повикувајќи се два извори и во Комисијата и во австриската делегација, фотографијата на Јанша требало да му послужи како илустрација на неговото тврдење дека словенечкото судство е под влијание на поранешни комунистички судии и поради тоа не е независно.

По состанокот потпретседателот на ЕК, Франс Тимерман, кој и самиот е социјалдемократ, одбил да се слика на заедничката фотографија.

01.07.2021 - 23:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега