Русија успешно лансираше ракета

Од космодромот Бајкур во Казахстан, Русија успешно лансира ракета Протон-М со воен сателит.

Од руската вселенска агенција Роскозмос соопштија дека ракетата носи сателит на руското министерство за одбрана.

Русија повторно започна со лансирање на ракети Протон во септември откако е направена кратка пауза поради истрага за експлозијата по лансирањето на 2 Јули.

 Оваа ракета е најпопуларна за комерцијално лансирање сателити.

12.11.2013 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа