Легендарниот Џон Ленон не бил отсекогаш за мир и љубов

Легендарниот Џон Ленон во средното училиште и не  бил голем поборник за мирот и љубовта, ако се суди по школските извештаи кој на крајот на месецот ќе бидат ставени на онлајн аукција.

Аукцијата ќе биде отворена на 22 ноември, заедно со други предмети поврзани со биографиите на членовите во Битлси. Се очекува дека за секоја страница од училишните поплаки, може да се стартува со почетна цена од 3000 фунти.

Неколку извештаи на наставниците покажале дека членот на групата „Битлси“ бил казнуван заради тепачки и непримерно однесување.

 Воедно како што пренесуваат британските медиуми, од извештајот се гледа дека Ленон, не покажувал никаков интерес за училиштето.

12.11.2013 - 11:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа