ФОТО: Семејството Бабунски - единствен случај во историјата на фудбалот

Сторија за семејството Бабунски објавена во шпански весник! Се работи за шпанскиот весник „Ел Мундо Депортиво“, кој раскажа за семејството Бабунски како единствен случај во историјата на фудбалот.

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21-година овој месец ќе одигра два квалификациски натпревари против врсниците од Азербејџан и Норвешка, а неодамна Бабунски го објави списокот на играчи, меѓу кои се и неговите двајца синови. Со тоа, за прв пат во историјата на фудбалот, дел од една национална селекција во исто време ќе бидат татко и двајца синови. 

Инаку, Давид Бабунски е офанзивен играч за врска, Дориjан е напаѓач, додека нивниот татко Бобан беше централен дефанзивец.

 

12.11.2013 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега