Гинеколог осуден поради снимање на пациентките

Судот во Германија осуди гинеколог на три и пол години казна затвор. Судот го гони пордати тоа што ја злоупотребувал службената должност,  поточно снимал десетици илјади фотографии на  интимните делови на телата на своите пациентки без тие да знаат.

Судот оценил дека со тоа сериозно ги понижил жените сведувајќи ги на предмет. Но судот како олеснителна околност го зел и тоа што сè признал, што започнал психотераписко лекување и што им се извинил на жените.

Случајот го откриле неговите две поранешни медицински сестри кои ги пронашле фотографиите и ја информирале полицијата.

12.11.2013 - 09:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа