Сирија: Тринаесет случаи на детска парализа

Тринаесет случаи на див тип на вирусот на детска парализа (PVS1) се потврдени во Сирија, соопшти организацијата. Генетската анализа покажува врски со вирус, пронајден во примероци од животната средина во Египет во декември 2012 година, од истото семејство како дивиот полиовирус, забележан во Пакистан.

Освен тоа, вируси од истото семејство се забележани во отпадни води во Израел, на Западниот Брег и во Појасот Газа по февруари 2013 година досега.

На 30 октомври заменик-директорот на СЗО детска парализа Брус Ејлуард ги објави тие податоци, прецизирајќи дека вирусот дошол по копно и претставува ризик за целиот Блиски Исток.

СЗО и УНЕСКО соопштија дека во тек е масовна кампања за вакцинација во Сирија и шест други земји на Блискиот Исток, која има за цел да опфати 20 милиони деца. Во Сирија, каде немало избувнување на детска парализа од 1999 година, кампањата за вакцинација ќе опфати 1,6 милиони деца.

12.11.2013 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега