Министерот Хани во работна посета на Словенија

Министерот за локална самоуправа Тахир Хани денеска придружуван од делегација од градоначалници и претставници од четириесет и четири општини од Република Македонија, денеска престојува во работна посета на Словенија.

Предвидено е министерот Хани да оствари средби со министерот за економски развој и технологија Станко Степишник, со државниот секретар во Министерството за внатрешни работи задолжен за локалната самоуправа Андреј Чокерт и со градоначалникот на Копер. За време на посетата министерот ќе има можност да посети неколку региони и да се запознаесо начините на менаџирање и можностите за финансирање на проекти од регионално значење.

12.11.2013 - 09:10
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега