Не излегувајте без чадор - Македонија под облаци

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Се очекува некаде да наврнат и до 30 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува умерен повремено засилен претежно источенn ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 14, а дневната од 14 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

12.11.2013 - 08:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега