ВИДЕО: Момчето кое што ја измамил смртта осум пати
Метју Хоксил успеал да преживее пад од лет, срцев удар, скршен врат, воспаление на плуќата и рак. Првтото бекство од канџите на смртта го имал во 2011 година, кога со пријателите во Ирска од високо се фрлил во вода која била плитка еден метар. Удирајќи во камен, ја скршил клучната коска, која го скршила неговиот врат и замалку ќе му ја пресекла кичмата, нешто што можело да го убие на лице место.
Траумата од падот, доппринела за срцев удар, а неговата плуќа се наполнила со вода. Спасувачите 30 минути се обидувале да го вратат во живот. Откако бил пренесен во болница, му биле потребни пет недели да излезе од кома.
Потоа бил подложен на операција на кичмата откако бил целосно парализиран и можел да комуницира со луѓето само со трепкање. По операцијата докторите му рекле дека цел живот ќе го мине во инвалидска количка.Но за чудо своите први чекори ги направил по пет месеци.
Но во болницата успеал да се зарази со смртоносната MRSA бактерија. Набрзо потоа по ослабениот имунитет добил воспаление на плуќата. Таман кога мислел дека не може да биде полошо, докторите му откриле канцероген тумор на тестисите. По дијагнозата, лекарите му го отстраниле десниот тестис. Но и покрај се, Метји планира во наредните две години да се подготвува за учество во триатлон.
„Никогаш не треба да се откажете. Морате да се соберете и да продолжите да живеете“, изјавил Метју.