Кире Лазаров си заминува од Атлетико Мадрид

По многубројните шпекулации кои се појавија во последно време, сега и официјално е потврдено дека Кире Лазаров заминува од Атлетико Мадрид.

Како што е објавено на официјалниот сајт на капитенот на македонската ракометна репрезентација, тој по три успешни сезони заминува од Атлетико и оди во друг клуб.

-Можам да потврдам дека по завршувањето на оваа сезона нема повеќе да настапувам за Атлетико Мадрид. Имав три успешни сезони и многу радости во црвено-белиот дрес. Наскоро ќе ја знам мојата иднина и ќе го соопштам името на мојот нов клуб, кратко потврди Лазаров.

Инаку, нашиот Лазаров во сите три одиграни сезони за клубот беше најдобар стрелец.

ФОТО:Засе.мк

најчитано сега