Обид за убиство во Дебар: Маж тешко ранет со огнено оружје

 

А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста на повредите, по укажаната прва помош во Општата болница, е транспортиран на лекување во Охрид.

Како што изјави за МИА директорот на Болницата, Баки Алили, А.И. имал прострелна отворана рана во горниот десен дел на абдоменот и во горниот дел на десниот бубрег.

Немилиот настан се случил на улицата „Вељко Влаховиќ“, во близина на Саат кула џамијата, а едно лице, осомничено за „убиство во обид“, е приведено.

-Околу 22:00 часот во нашата установа, со возило во приватна сопственост, беше донесено лицето А.И. со прострелна отворана рана во горниот десен дел на амдоменот и во горниот дел на десниот бубрег. Поради сериозноста на повредите, по дадената прва помош и терапија, повредениот го транспортиравме во најблиската установа, односно во хирушкото одделение во Охрид, рече Алили.

Според него, пациентот бил во свесна состојба и  контактибилен.

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот. 

18.06.2021 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега