Невработеноста во Грција достигна рекордни 27%

 

Националната статистичка служба на Грција ЕЛСТАТ истакна дека невработеноста достигна рекордни 27%. Во јануари годинава, ваквата бројка се движеше до 26,7%, а не како што првично беше соопштено 27,2%. Минатата година во февруари таа достигна ниво до 21,9%. Според ЕЛСТАТ, бројката на невработени лица изнесува 3,568,168 лица, а без работа засега се 1,320189 лица. 

Во однос на февруари 2012 година регистрирано е намалување на бројот на вработените за 270.766.

Во однос на јануари годинава вработени се 28.650 лица помалку.

Кај младите до 24 години невработеноста скокнала до 64,2 отсто од 54,1 отсто во февруари 2012 година.

најчитано сега