ВИДЕО: Верно пријателство помеѓу човек и гуска!
Доменик Ерлер е пензионер и веќе десет месеци е пријател со гуската Марија, која живее во Еко паркот во Лос Анџелес.
- Кога почна да ме следи за прв пат, малку се исплашив. Чуварот на паркот ми рече да не се плашам и тој не „запозна“. Ми рече дека ја викаат Марија, раскажува Доминик.
И од тогаш гуската Марија секое утро го чека на аголот на паркот да пристигне со мопедот. Марија се однесува заштитнички кон Доминик и не дозволува да му се приближат други животни. Дури е подготвена да влезе во борба и со поголеми кучиња.
11.11.2013 - 15:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа