Незаразните болести минатата година причина за смрт во 85 отсто од случаите

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на состанокот на кој експерти разговараат за фактичката состојба со незаразните болести, истакна дека незаразните болести во Македонија во текот на минатата година биле причина за смрт во над 85 отсто од сите смртни случаи. 

- Како Министерство сме фокусирани на незаразните болести особено на кардиоваскуларните и малигните заболувања и за нив имаме посебна програма. За кардиоваскуларните заболувања направивме првпат програма во Министерството и како резултат на тоа сме фокусирани најнапред на формирање кардиолошка мрежа особено за интервентна кардиологија. Во тие рамки отпочнавме со интервентна кардиологија во Битола, Штип, имаме план тоа да го направиме во Тетово и во Струмица, посочи Тодоров.

Министерот укажа и на вториот сегмент, едукацијата на лекарите за кардиоваскуларни заболувања и превентивните програми кои ги има Министерството и Фондот за здравствено осигурување преку целите кои им се дадени на матичните лекари.

- Во делот на малигните заболувања исто така имаме програма за нивна рана детекција, во рамки на која има повеќе типови скрининг програми (за рак на грлото на матката и за рак на дебелото црево) кои ги спроведуваме. Во рами на програмата планираме да почнеме брзо по пристигнување подвижниот мамограф и скрининг за рак на дојка. Во овој момент развиваме и уште еден други сегмент, а тоа е скрининг за рак на простата на кој активно работиме подолг период, рече Тодоров.

Од своја страна и шефот на канцеларијата на СЗО во Скопје, Снежана Чичевалиева, истакна дека 2013 година е година во која во Европа фокусот се става на незаразните болести.

- Состанокот го организираме навреме, така што работата на национален план да ги следи одлуките на највисоките форуми за здравје во Европа. Напорите на национално ниво ќе дадат можност за определување на националниот контекст и активности за намалување на оптовареноста со незаразни болести, за истражување на нивната поврзаност, социјалниот развој на државата...По прашањто на незаразните болести неопходно е да се постигне интегрирана акција во општеството, додаде Чичевалиева.

11.11.2013 - 14:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега