Макрон: Вашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување!

 

Претседателот Макрон во изјавата во Елисејската палата, заедно со премиерот Заев рече нагласи дека во изминатите 28 години , откако се воспоставени дипломатските односи меѓу Франција у Македонија, земјата имала активна улога во помагање на демократските процеси . Рече дека е горд на неговата земја што активно партиципирала во воспоставувањето на демократијата во Македонија.

Францускиот претседател рече дека Македонија заслужува веднаш да ги почне преговорите за членство во Европкста Унија.

Премиерот Заев од своја страна му се заблагодари на Макрон, во име на Владата и граѓаните на Македонија за поддршката, посочувајќи дека денешната средба ги збогатува пријателските врски меѓу двете земји, во годината кога одбележуваме 28 години од воспоставените дипломатски односи со Франција.

– Посебно место во развојот на македонско-француското пријателство има и претседателот Макрон, со неговата јавна поддршка за Договорот од Преспа. Пред нас е самитот на ЕС во јуни и тој е вистинска можност за чекор напред и решение за отргнување на блокадата на нашиот европски пат. Дијалогот носи решение, истакна Заев.

Во состав на владината делегација што престојува во Париз, покрај Заев, се и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

11.06.2021 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега