Статистика: Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во септември годинава изнесува 1.327.366.000 денари. Ова претставува зголемување за 63,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 143,4 проценти,  а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 9,7 проценти, додека зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи, според статистика, се забележува скоро кај сите  земјоделски производи. Намалување има кај житата, живината и јајцата, млекото и млечните производи.

11.11.2013 - 13:12
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега