Македонците поминуваат повеќе од три часа дневно на социјалната мрежа Фејсбук

Резултатите од првото сеопфатно истражување за ставовите и однесувањето на македонските корисници на социјалната мрежа фејсбук, покажаа дека 44% од македонските корисници поминуваат 3 и повеќе часа дневно на социјалната мрежа.

Според резултатите, дури 60% од корисниците сметаат дека премногу време поминуваат на Фејсбук, додека само 22,5% од корисниците размислуваат да се откажат од користењето на социјалната мрежа.

 

 

 - “Податоци кои ги добивме веруваме дека ќе им помогнат на компаниите, професионалците и организациите подобро да ги позиционираат своите стратегии за промоција на Фејсбук“- изјави Никола Спасов, од агенцијата Рејтинг, која заедно со Њумедиа.мк го спроведе онлајн истражувањето.

11.11.2013 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега