ФОТО: Каде се трошеле парите за малата Тијана за која Балканот се крена на нозе?

Откако пред неколку денови таткото на малата Тијана Огњатовиќ за која цел Балкан се крена на нозе, изјави дека доколку каже се што знае ќе падне дури и Владата и тврдеше дека сеуште не ги добил парите за својата ќеркичка, српскиот Блиц открива излезе со бројки и констатација дека семејството навистина не потрошило ниту динар за сопствени потреби.

„Граѓаните на Србија за лекување на Тијана Огњановиќ, која на 15 јули почина во болницата во Хјустон, уплатија вкупно 2,58 милиони евра. Од двете сметки за таа намена, семејството до денеска, не подигнало ниту динар во готовина или за сопствени потреби, а на сметките, во моментот има 1,665 милион евра“, објави Блиц повикувајќи се на извори од спрското МВР.

За остатокот од парите Блиц вели дека биле дадени за лекувањето во болницата во Хјустон, за транспортот на девојчето со специјален авион и за авионските карти за родителите. 

Српската полиција спроведува детална истрага за собирањето и за трошењето на парите за малата Тијана која за жал го загуби животот и по успешната операција.

11.11.2013 - 12:21
Фото: 
блиц.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега