Полицаец од Табановце им помагал на лажни азиланти

С.А. (39), Ќ.А. (37) и Ф.Е. (36) сите од Скопје си заработија кривична пријава за злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор, додека 31-годишниот Ф.М. од Куманово вработен како полициски службеник на Граничниот премин „Табановце“ си заработи кривична пријава за помагање.

Пред два дена 15 минути пред полноќ на „Табановце“ од страна на српските погранични органи депортирани се 17 македонски државјани на кои претходно не им бил дозволен излез од Србија кон Унгарија, поради сомнение дека имале намера во европските земји да го злоупотребат безвизниот режим. Пријавените на депортираните лица кои се од подрачјата на  Битола, Радовиш, Кичево, Велес, Неготино и Кавадарци им ветиле дека за паричен надомест од 250 евра по лице ќе им организираат транспрот до Германија по што ги донеле во куќа во населбата Топана во Скопје, од каде што со такси возила биле префрлени до српско-македонската граница, и во договор со полицаецот кој бил на работа на пасошка контрола на посочениот граничен премин, биле пуштени без да ги евидентира во системот за влез-излез на патници.

Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена. 

11.11.2013 - 12:00
Фото: 
Журнал.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега