Ѕвездата Адел одби понуда од 14,3 милиони евра

Пејачка  Адел наводно одбила понуда од повеќе милиони евра на француската козметичка компанија „Лореал“ да стане нивно заштитно лице.

Адел не сакала да биде заштитно лице на компанија „Лореал“ и со тоа  одбила 14,3 милиони евра.

„Лореал“ наводно планирал да ја замени Шерил Кол со Адел во своите рекламни кампањи, но Британката им ги поматила плановите.

- Едно време преговараа и се чинеше дека ќе постигнат договор, но Адел неочекувано го промени мислењето, рече неименуван извор на магазинот „Сандеј пипл“ (Sunday People).

Изворот додаде дека челниците на „Лореал“ не можат да поверуваат дека пејачката одбила толку великодушна понуда.

 

11.11.2013 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега