Заспал на клупа - се разбудил во мртовечница

Маж од Полска преживеал вистински хорор откако се разбудил во мртовечница. Се работи за 56-годишниот Мерек Михалски кој последно на што се сеќава е дека седел во парк на клупа, а потоа се разбудил во мртовечница опкружен со трупови. 

Овој маж всушност се онесвестил, а кога дошла брзата помош констатирале дека нема пулс и го однеле во мртовечница. За неколку часа, тој се разбудил во ладна соба полна со трупови, затворен во вреќа. 

- Се сеќавам само дека седев на клупа, а потоа се разбудив во мртовечница. Некој ќе ми плати за тоа зашто сега имам ноќни мори. Сонувам како лекарите ме сечат и не сфаќаат дека сум жив и дека не ми треба аутопсија – раскажал тој.

Полјакот ќе ја тужи болницата за хоророт кој го преживеал.

11.11.2013 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа