Папата: Евреите се големи браќа на католичките верници
Папата Фрациско оддржа говор по повод 75-годишнината од Кристалната ноќ - нацистичкиот погром врз Евреите, што во светот се одбележува како Меѓународен ден на борбата против фашизмот и антисемитизмот, папата ги опиша Евреите како големи браќа на католичките верници.
Поглаварот на Римокатоличката црква рече дека уништувањето на еврејските куќи, продавници и синагоги во ноќта на 9 ноември 1938 година кога се убиени најмалку 90 луѓе, било чекор кон холокаустот, кој никако не треба да се заборави.
- Потсетуваме на својата блискост и солидарност со еврејскиот народ, со нашите големи браќа и се молиме на Господ сеќавањето на минатото да ни помогне секогаш да бидеме претпазливи против каков било облик на омраза и нетолеранција, истакна папата Франциско во неделното обраќање до верниците на плоштадот Свети Петар.
.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа