Што ќе се случи со вилата на Јованка Броз?

Откако пред дваесетина дена животот го загуби вдовицата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз, куќата во која живееше во Дедиње не е отворена и никој ги нема изнесено нејзините нешта. Како што пренесува Блиц, кога семејството ќе биде подготвено, сите лични работи на Јованка Броз, ќе им бидат предадени токму на нив.

И куќата која е во државна сопственост откако ќе бидат изнесени работите, ќе биде дадена во употреба на некој друг.

За потсетување, вдовицата на Тито почина во болница во Белград, на 20 октомври, на 89 годишна возраст.

11.11.2013 - 09:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега