Македонските ѕвезди на едно место - хуманитарен концерт за домот на Весна Петрушевска

 

Хуманитарен концерт „Со љубов за сила, храброст и нов дом“ вечерва ќе се одржи во Универзаланата сала во Скопје, за помош на семејството Петрушевски чија куќа пред еден месец изгоре во пожар. 

На концертот ќе настапат Калиопи, Каролина Гочева, Тавитјан Брадрс, Тамара, Тијана, Елена Ристеска, ДНК, Бени Нон стоп, Димитар Андоновски, Јоце Панов, Биба Додева, Кристина Арнаудова, Маја Вуќичевиќ, Дарко Илиевски, Магдалена Лазаревска, Нокаут, Стенд Ап-Тони Михајловски, Сашко Коцев и Весна Петрушевска.

Цената на билетите за концертот е 500 денари.

11.11.2013 - 08:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа