Тројца скопски дилери зад решетки

Скопјаните Ј.И. (21), К.И. (28) и К.В. (22), си заработија кривични пријави и 30 дневен притвор поради постоење основано сомнение дека продавале марихуана.

При реализацијата на случајот, полицијата пронашла и одзела 87 зипер кесички, дигитална вага, едно пакување марихуана тешко 208,88 грама, огледало, банкнота од 100 денари, пластична картичка на име К.В. и зипер кесичка со остатоци од кофеин и лидокаин.

По претходно добиени сознанија дека пријавените се занимаваат со недозволена трговија на марихуана, Единицата за недозволена трговија презела соодветни мерки и активности за нивно фаќање и обезбедување материјални докази, информираат од МВР. На 31 октомври годинава бил извршен претрес на домот во кој привремено престојувал Ј.И. на ул „Отокар Кершовани“ во Скопје. За време на претресот, покрај тројцата пријавени, во станот биле затекнати уште три лица од кои едно малолетно, како уживаат наркотична дрога. Од извршените разговори полицијата дознала дека кон крајот на октомври тројцата, заедно од непознатото лице набавиле марихуана, ја однеле во привремениот дом на Ј.И. каде дел ја препакувале во помали количини во зипер кесички и ги чувале со намера да ги продадат на уживатели. Еден дел од дрогата, лицата веќе ја продале.

Ј.И., К.И. и К.В. досега не се евидентиарни во МВР како сторители на кривични дела.

 

09.11.2013 - 13:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега