ВИДЕО: Од пијан бездомник до човек за почитување

Поранешниот американски воен ветеран Џим Волш е уште еден случај кој по враќањето во „цивилство“ завршил како бездомник и алкохоличар. Сепак, неговиот живот се променил кога еден ден на излогот на една продавница за техничка стока, на вклучениот телевизор, ја видел рекламата на организацијата „Дигејџ Министрис“.

Оваа организација се занимава со помош на воените ветерани и во рамките на својата кампања сними видео во кое се тврди дека „со малку грижа и помош секој може да се доведе во ред“.

Поттикнат од рекламата Волш прво отишол на средба на една група на лечени зависници од алкохол. Набрзо потоа нашол постојано место за престој, со што се „тргнал“ од улицата и неговиот живот постепно почнал да се средува.

Ваквата трансформација на Волш, „Дигејџ Министрис“ ја искористи за снимање на ново видео со порака дека неговите заложби докажале оти „некаде под пропадната надворешност се уште се крие човек кој е достоен за почит“. 

09.11.2013 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега